Професионален војник (25) – еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили на полигон „Криволак“, паднал во бесознание вчера попладне во 18.30 часот, по што е пренесен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување Карил по пржената помош во Неготино. По пристигнувањето на војникот на Карил од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време се констатирала смрт, соопшти Генералштабот на АРМ.
Во соопштение, Генераштабот објаснува што се случувало вчера на „Криволак“.
-Професионалниот војник на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци моментално му се слошува по што паѓа во безсознание. Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката- Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време се констатирала смрт, пишува во соопштението.
Јавен обвинител ќе ја води понатамошната истражна постапка, додека по обдукцијата ќе се знаат причините за смртта на младиот војник.