Почина Џорџ Буш постариот

by Тони Зографски

На 94 години, во Хјустон, почина поранешниот американски претседател Џорџ Буш, постариот. Тој боледуваше од Паркинсова болест и користеше инвалидска количка од 2011 година. Во април Буш беше примен во болница заради инфекција на крвта.

“Џорџ Херберт Вокер Буш беше благороден човек и најдобриот татко, кој би можеле да си го посака  еден син или ќерка” , изјави неговиот син  Џорџ Буш помладиот во соопштението.

Претседателите Доналд Трамп и Барак Обама на Твитер му оддаде почит на колегата Републиканец за „исклучителната автентичност и мудрост и непоколебливата посветеност на верата, семејството и земјата“.

Џорџ Буш постариот, беше 41 претседател на САД, од 1989 до 1993 година и два мандати му беше заменик-претседател на Роналд Реган.

Тој зад себе остави пет деца, 17 внуци и 8 правнуци.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com