Џери Ли Луис, пионерот на рокенролот почина на 87-годишна возраст, соопшти неговиот издавач.
Тој почина од природна смрт во својот дом во округот Десото, Мисисипи. „Џудит, неговата седма сопруга, беше покрај него кога почина во неговиот дом во округот Десото, Мисисипи, јужно од Мемфис“, се вели во соопштението. „Тој ѝ кажа, во последните денови, дека не се плаши“.
Џери Ли Луис беше дел од генерацијата родоначалници на правецот, заедно со Бил Хејли, Бади Холи, Елвис Пресли, Чак Бери и Литл Ричард. Првиот настап го имал со само 14 години, а во средината на 50-тите станува вистинска ѕвезда.
Најголемиот хит на Луис беше „Големите огнени топки“ (“Great Balls of Fire”), а неговиот живот, исполнет со контроверзи, беше раскажан во истоимениот филм од 1989 година, во која улогата на музичарот ја толкуваше познатиот холивудски актер Денис Квејд.
Луис на врвот на славата се оженил со својата 13-годишна внука Мајра Браун, што бил трет од неговите седум бракови. Скандалот сериозно ја оштетил неговата музичка кариера и тој веќе никогаш немал голем хит на топ-листите во Америка. Од внуката се развел по 13 години, а следните две сопруги на Луис починале во сомнителни околности. И две од неговите шест деца починале трагично на млади години.
Џери Ли Луис сепак беше примен во Рокенрол Куќата на славните во 1986 година.