Актерката Џозефина Чаплин, ќерка на Чарли Чаплин, почина на 74-годишна возраст, соопшти денеска семејството.
Како што е наведено, ќерката на Чарли Чаплин и неговата четврта сопруга Уна О’Нил починала на 13 јули во Париз, пишува Гардијан.
Џозефин беше шесто од 11-те деца на Чарли Чаплин и трето од осумте со О’Нил, актерка и ќерка на нобеловецот драматург Јуџин О’Нил. Родена е во Санта Моника, Калифорнија, во март 1949 година.
Таа глумела во политички ориентираниот филм на Менахем Голан, „Бегство на сонцето“, „Мирисот на диви животни“ со Виторио де Сико и Морис Рон, „Џек Рипер“ со Клаус Кински, и „Беј Бој“ со Лив Улман и Кифер Сатерленд.
Таа, исто така, се појави во неговиот филм „Грофицата од Хонг Конг“ во 1967 година. Сепак, Џозефина Чаплин најмногу глумеше во француски филмови. Чаплин раководеше со канцеларијата на семејството Чаплин во Париз и спонзорираше статуа на нејзиниот татко во Вотервил, Ирска.
Долгогодишна жителка на Париз, веднаш по смртта на нејзиниот татко во 1978 година, таа се вклучила во бизарен заговор за изнуда, кога двајца мажи му го украле телото и ковчегот. Семејството одбило да го плати откупот и посмртните останки биле пронајдени 11 недели подоцна.
Нејзината мајка, Уна О’Нил, почина во 1991 година.
Џозефина била во брак двапати – со грчкиот бизнисмен Ники Систоварис и археологот Жан-Клод Жарден.
Според Холивуд Репортер, Џозефина ги остави зад себе нејзините браќа Мајкл, Јуџин и Кристофер, сестрите Џералдин, Викторија, Џејн и Анет, како и синовите Чарли, Џулиен и Артур.
Таа ќе биде погребана во Париз, опкружена со семејството.