Почина ќерката на поранешниот шампион на Формула 1 Џуди Шектер. Петтата ќерка на Џуди,21-годишната Ила починала во сон од “случајно предозирање“.
Во службена изјава на Џуди и неговата сопруга Клара, е наведено дека “фамилијата е разорени и скршена поради смртта на Ила и како таа сакала да биде чиста, здрава и среќна“ . Ила се пријавила на терапија за одвикување од дрога која требало да ја започне на денот на нејзината смрт.
Исто така семејството навело дека пред две години на Ила и бил дијагностициран тумор на мозокот поради што морала да да биде оперирана, а последниве неколку месеци развила и епилепсија.
– Ја изгуби борбата со зависноста обидувајќи да се избори со стравот кој ја гушеше – пишува семејството.