Почина Јапонецот (57) кој намерно го ширеше коронавирусот откако претходно се зарази, јавува агенцијата “Кјодо“.
Тој живеел во градот Гамагори во перфектурата Аичи, а почина во болницата каде што бил хоспитализиран.
Нему во почетокот на март му бил дијагностициран коронавирус. Бил на интезивна нега, а лекарите му препорачале самоизолација.
Намсто да се лекува и да замине во карантин, тој наводно отишол во два бара, а од таму ги информирал роднините кои исто така биле позитивни на коронавирус, дека “оди да шири вирус“.
Во еден од баровите стапил во контакт со две лица, а едно од нив е позитивно.
Инаку, во Јапонија се регистрирани 1.500 заразени од коронавирус, а 37 починале.