Еден од основачите на англиското хумористично шоу „Монти Пајтон“ и негов учесник Тери Џонс , почина на 77 години, потврди неговиот менаџер.
– Тери почина синоќа на 77 години по долга и храбра битка со редок на облик на деменција.Во изминатите денови, сопругата, децата, роднините и пријателите постојано беа покрај него, додека тој полека заминуваше“, стои во соопштението на семејството.
Џонс беше еден од основачите на хумористичната група „Монти Пајтон“, која засекогаш го промени светот на комедијата кога дебитираше на Би-Би-Си во 1969 година.
Неговиот колега Мајкл Пелин, го опиша Џонс како „еден од најсмешните писатели-изведувачи на својата генерација“.