Почина шпанскиот пејач Карлос Мартин од групата „Ил диво“

by Тони Зографски

Шпанскиот пејач Карлос Марин, познат на публиката како член на групата “Ил диво”, починал во болница од последици на коронавирус.

На Марин ковид-19 му бил дијагностициран на 7. декември, веднаш бил хоспитализиран, а неколку дена подоцна бил ставен на медицинска индуктивна кома во Кралската болница во Манчестер, пишува „Дејли меил“.

Смртта на славниот пејач ја потврдија останатите тројца членови на групата, Давид, Себастијан и Урс.

„Со скршено срце ве известуваме дека нашиот пријател и партнер Карлос Марин почина. Ќе недостасува на своите пријатели, семејството и фановите. Никогаш нема да постои таков глас или дух каков што имаше Карлос“, напишаа на Фејсбук.

Мартин беше дел од „Ил диво“ од нејзиното формирање во 2003 година. Познати се како пионери на оперскиот поп и имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми ширум светот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com