Средовечен човек ненадејно почина пред експозитура на банка во скопската населба Аеродром, пред очите на случајни минувачи, а фотографии од немилиот настан беа споделени на Фејсбук.
Граѓаните повикале Итна медицинска помош и полиција, и преку социјалните мрежи се обидоа да дознаат нешто повеќе за човекот, но безуспешно.
Засега нема информации за причината за смртта на средовечниот човек, кој по сè изгледа чекал на ред за да заврши некоја работа во банката.