Дубровачкиот композитор Џело Јусиќ почина на возраст од 81 година, потврди неговата снаа, пејачката Паула Јушиќ (52).
„Тој беше голем борец, сите сме многу тажни“, рече таа.
Џело е познат по голем број дела од забавната, но и сериозната, главно оркестрална музика. Во 1961 година го основа вокално-инструменталниот состав „Дубровачки трубадури“. Неговите музички дела ги изведуваа бројни домашни изведувачи, меѓу кои и: Тереза Кесовија, Оливер Драгојевиќ, Ибрица Јусиќ, Фрањо Ласиќ, Иво Патиера, Мило Хрниќ и многу други.
Тој постигна голем успех на Сплитскиот и Загрепскиот фестивал со композициите „Далматински леро”, „Запјевајмо пријатељи”, „Младости, моја лијепа младости”, „Волим те будало мала“, „Загрљени”, „Ла музика ди ноте”, „Старе љубави“ и други.