Морена Марјановиќ, хрватската пејачка и учесничка во реалното шоу „Парови“, почина по битката со тешката болест, потврди нејзиниот поранешен сопруг.
„Морена почина вчера во 10 часот во болница. Таа се бореше со тежок облик на леукемија. Привремено успеа да ја победи болеста, но за жал таа се врати. Не знам што да ви кажам. Тешко е за семејството. Отидов во болница да ја видам, но за жал Морено повеќе не е со нас“, изјавил за српски „Курир“ нејзиниот поранешен сопруг Мануел Цури.
Хрватската пејачка Морена имаше многу бурен живот, а на социјалните мрежи често споделуваше свои фотографии во различни изданија. На Фејсбук ја објави една од своите последни фотографии, направена за новогодишната ноќ.