Фризерот на многумина ѕвезди од светската сцена Орибе Каналес, почина на 62 години.
Тој соработуваше со многу познати имиња од музчката сцена, а беше и во врска со пејачката Џенифер Лопез.
Таа објави и емотивна порака за нивната поврзаност на својот профил на Инстаграм.
– Тој направи да го сакам гламурот. Оти тој го сакаше и веруваше дека тоа е важна алатка во рацете на моќната жена. Тој сакаше жените да се чувствуваат убави и секси… Беше перфекционист и вистниски уметник, напиша пејачката на Инстаграм, покрај многуте фотографии посветени нему.