Почина тренерот кој од Шабан Трстена направи олимписки шампион

by Тони Зографски

Златниот македонски олимпиец од игрите во 1984 година во Лос Анџелес, Шабан Трстена, утринава преку Фејсбук ја информира јавноста дека рано утринава починал еден од најдобрите боречки тренери во историјата на нашата држава, Хајруш Синани.

Тој е легендарен предводник на БК Лирија, чии борачи освоиле повеќе од 40 медали на Олимписките игри, Светските, Европски, Медитеранските и Балканските првенства и кој го одведе својот тим до шампионската титула на поранешна СФР Југославија во 1983 година. Низ рацете на Синани минале многу успешни борачи, но Трстена дефинитивно е најпознатиот меѓу нив.

Хајруш Синани во 2012 година ја доби државната награда „8 септември“, како и наградата „13. ноември“’ за животно дело. Синани во едно од последните интервјуа кажа една голема вистина за разликата на спортистите од последните две децении од минатиот век и денешните.

Синани почина по долго и тешко боледување.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com