Еден од најголемите трговци на вино во 20 век, Жорж Дубоа почина во саботата попладне во 86 година од животот. Тој почина од мозочен удар, потврди неговото семејство за АФП.
Дубоа беше најпознат по тоа што е еден од малку познатите француски продукти, црвеното вино “Beaujolais Nouveau” (Нуво Бужоле“) го претвори во глобален феномен.
Жорж Дубоа кој бил познат и како “Папа бужоле“, својата винарија ја отворил во 1946 година, со традационалниот метод на правење вино. Во 2018 година компанијата му ја препушти на својот син, а од тој период винаријата годишно произведува 30 милиони шишиња годишно.