На 36-годишна возраст ненадејно почина Васко Војнески-Васичот, битолчанец со Даунов синдром кој имаше талент на вистински тату мајстор. Иако немаше можност да работи со вистинска опрема за тетовирање, тоа не го спречуваше секојдневно да црта по неколку тетоважи на хартија. Многумина битолчани, познавајќи ја неговата умешност, дозволуваа со мастило и маркери да им исцрта тетоважи на рацете. Инспирацијата за тетоважите ја наоѓаше во рап музиката, пренесува Сакамдакажам.мк
Васко имаше нацртано стотици цртежи и тетоважи. Беше среќен кога ќе подареше некои од нив или ќе дозволеа некои пријатели и други лица да им нацрта тетоважи на рацете.
Овој несуден тату мајстор беше член на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола. За неполни 10 дена Центарот изгуби два млади членови, 19-годишната девојка со Даунов синдром која почина како сомнителна на ковид-19, а не беше тестирана, а сега и Васко кој не почина од коронавирус.
Извор и фото: Сакамдакажам.мк