Тапанарот кој го придружуваше Елвис Присли во текот на неговата кариера, Рони Тут почина на 83 години, пренесуваат светските медиуми.
Неговата ќерка Тери ја објави тажната вест на Фејсбук.
-Со голема тага ве известуваме дека моето семејство и јас останавме без нашиот татко. Легендарниот тапанар Рони Тут го напушти овој свет, почина во својот дом опкружен со семејството, – напиша Тери.
Многу следбеници не можеа да поверуваат за оваа вест, а неговите соработници исто така преку социјалните мрежи се простуваа од тапанарот.
Инаку, Рони Тут освен со Елвис Присли свиреше и со Џорџ Кеш, Елвист Костело, Нил Дајмонд, Кени Роџерс…