Познатиот српски сценарист, Гордан Михиќ, почина по кратка болест во осумдесетата година од животот.
Беше редовен професор на Факултетот за драмски уметност, каде што предаваше сценарио. Напиша бројни книги по кои ќе остане запаметен. Меѓу нив се: „Кучето кое ги сакаше возовите“, „Среќна Нова ’49“, по кој македонскиот режисер Столе Попов го сними култниот филм со Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ. Ги напиша драмите „Сироти мали хрчки“, „Црна мачка, бел мачор“…
Освоил бројни награди, меѓу кои и „Златна арена“ за сценарио за „Среќна нова ’49“ во Пула во 1986 година, прва награда за сценарио за филмот „Балкан експрес“, за „Црна мачка, бел мачор“.
Гордан Михиќ беше сопруг на актерката Вера Чукиќ.