Спрските медиуми утринава објавија дека Патријархот на Српската православна црква Иринеј, почина од Ковид 19.
Но, веднаш по првичната објава се огласи СПЦ со ново соопштение во кое тврдат дека патријархот е жив, но приклучен на апарати и во тешка состојба.
Новости. рс кои ја објавија веста за смртта на Иринеј, ја поправи и сега наведува дека борбата за неговиот живот продолжува.
Инаку, патријархот Иринеј, држеше света литургија во Црна Гора и бдееше над отворениот ковчег со телото на митрополитот Амфилохије, кој почина од последици на Ковид 19, минатиот месец. По тридневната погребна церемонија со шетање на телото на починатиот, негово изложување и простување од него со бакнување во круната и рацете, бројот на заразени во редовите на СПЦ, но и во Црна Гора, драстично скокна.
Некои лица кои се фотографираа со телото на Амфилохије починаа од Ковид 19.