Патријархот на Српската православна црква Иринеј (90) почина денеска во Воено медицинскиот центар Карабурма, јавуваат српските медиуми.
Патријархот Иринеј беше хоспитализиран поради коронавирус откако неговата здравствена состојба се влошила.
За неговиот живот се бореа руски и српски лекари.
Инаку, патријархот Иринеј, држеше света литургија во Црна Гора и бдееше над отворениот ковчег со телото на митрополитот Амфилохије, кој почина од последици на Ковид 19, минатиот месец. По тридневната погребна церемонија со шетање на телото на починатиот, негово изложување и простување од него со бакнување во круната и рацете, бројот на заразени во редовите на СПЦ, но и во Црна Гора, драстично скокна.
Некои лица кои се фотографираа со телото на Амфилохије починаа од Ковид 19.