Глумецот Тихомир Арсиќ почина денес во 63 година од рак на панкреас.
Ќе остане запаметен по улогите во филмовите Момче кое ветува, Големиот транспорт, Игмански марш и Пејзажи во магла.
Неговите последни улоги беа во сериите Убијци на татко ми и Ургентниот центар.
Арсиќ ќе остане запаметен од публиката и по монодрамата ,,Тако је говорио Броз”, со која настапи низ цела поранешна Југославија во раните 90-ти, играјќи ја повеќе од 300 пати.
-Панкреасот е сега одлично и тука негувам малку надеж. Се чувствувам и се однесувaм како да сум бесмртен. Ако ти остаnале неколkу месеци или неколку години живот, тогаш тоа време треба да го поминеш во среќа и веселба. Чуден е тој мој тумор на панкреас. Не му можеме ништо. Постојано мутира. Се надевам дека ќе најдеме терапија на која ќе реагира – зборуваше Арсиќ во октомври.