Познатиот српски глумец Иван Бекјарев (74) почина од коронавирус вчера во Белград,
Бекјарев минатиот месец се заразил од коронавирусот, а неговото здравје се влошило пред десетина дена, јавија српските медиуми.
Во последните неколку недели тој бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека бил позитивен на вирусот додека снимал поради што веднаш го напуштил сетот.
Иван Бекјарев на пошироката јавност ѝ беше познат по бројни улоги во серии, меѓу кои и онаа на Курчубиќ во серијата ,, Подобар живот“.
Родителите на Бекјарев потекнуваат од Македонија.
Неговиот татко се преселил во Белград пред Втората светска војна, а мајка му дошла од Гевгелија по завршување на војнта.
Бекјарев е роден во Белград во 1946 година.