Српскиот актер Десимир Станојевиќ почина утринава во 69. година од животот во својот стан во Белград, јави „Блиц“. Веста ја потврди неговиот пријател и продуцент Оливер Пауновиќ.
Станојевиќ е роден на 7 октомври 1950 година во Ниш.
Играл во Народениот театар во Ниш од 1970 до 1990, а од 1991 година беше член на ансамблот на Театар на Теразије.
На широката публика најмногу и е познат по улогата на Вукашин Голубовиќ во серијата „Среќни луѓе“