Српскиот глумец Горан Даничиќ почина вчера во Белград на 58. годишна возраст. Трагичната вест ја објавија од Југословенскиот драмски театар, од каде соопштија дека по желба на семејството тој бил погребан денес во кругот на најблиските.
Маричиќ има играно во неколку познати серии и филмови како: „Ивкова слава“, „Ние не сме анѓели“, „Среќни луѓе“, „Вуковар“ , “Санта Мариа дела Салуте“, “Грев на нејзината мајка“, “Кошаркари“, “Црни Груја“, “Заборавени“… Бил добитник и на две Годишни награди од Југословенскиот театар.
Инаку, Горан Даничиќ дипломирал на глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1990 година, во класата на професорот Миленко Маричиќ и завршил како студент на генерацијата. Тој е член на Југословенскиот драмски театар од 1993 година.