Пејачката Хариета Симиќ, позната под прекарот Харина, почина на 13 април во Смедерево, во болница, на 41-годишна возраст. Нејзината битка со ракот на дојката била долга и тешка, а лекарите и рекле дека има уште шест месеци живот.
Пејачката за страшната дијагноза дознала пред две години, а бидејќи ракот веќе се проширил, и биле отстранети двете дојки и почнала со хемотерапија.
– Два месеци подоцна рекоа дека сум излекувана. Меѓутоа, подоцна забележаа промена на лимфните жлезди. Отидов на контрола и биопсија, тоа беше канцерогено – изјавила таа на почетокот на годината.
Но, и тој проблем го решила со операција, меѓутоа, и тука не бил крајот на нејзините маки.
– На 31 октомври минатата година бев на операција, потоа добив воспаление на белите дробови, пневмонија. Добив 14 пеницилини, 10 гентамицин, хемомицин. На крајот завршив кај докторот за гради, белите дробови ми се полни… метастазите од вратот се префрлија во белите дробови – низ солзи раскажувала пејачката и во таа прилика побарала помош од добри луѓе и оние кои се во ситуација, да и помогнат финансиски.
Инаку, да биде уште потажно и поболно за пејачката, нејзиниот сопруг ја напуштил седум дена по операцијата. И рекол дека има нова жена и дека со неа ќе се венча.