Српскиот актер Милан Лане Гутовиќ (75) почина денеска на 75 годишна возраст во Војномедицинската академија во Белград.
Гутовиќ во петокот итно беше примен на Военомедицинската академија во Белград, по што беше тестиран за корона вирус поради отежнато дишење.
Според локалните медиуми, тој се чувствувал лошо со денови пред да биде примен во болница, каде веќе бил прегледан на споменатата клиника. Тој се пријавил во болница поради симптоми на корона, како што објавија медиумите, меѓутоа, Ковид – тестот покажал дека актерот е негативен на коронавирусот.
Според изворот за порталот „24/7“, актерот имал проблеми со дишењето, направен му е и итен скен.
Милан Лане Гутовиќ е најпознат е по филмските остварувања „Тесна кожа“ и „Бела лаѓа“.