Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина спортскиот новинар Зоран Поповски.
Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како телевизија А1, па печатените медиуми „Дневник“, „Македонски спорт“ и „Република“. Беше дел и од редовите на спортската редакција на Екипа, а од летото 2018 година беше во спортскиот портал Спортманија.
Како новинар вљубеник во фудбалот, Поповски известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.