Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар, дипломиран правник и поранешен директор на Македонската радио телевизија.
Трајковски беше именуван за генерален директор на МРТВ во јуни 1996. година, од страна на Собранието, по разрешувањето на Мелпомени Корнети.
Во телевизијата работеше од 1969. година. Во јуни 2010. година си замина од телевизијата.
Во 2013. година беше присутен и на протестите против власта пред МРТВ кога на поранешните колеги им кажа да не молчат и да се ослободат од режимот…Тој и порача на власта да ги тргне рацете од јавниот сервис и да остави вработените професионално и објективно да си ја вршат својата работа.
Слободан Трајковски мина 40 години во МРТВ.
Извор: a1on.mk