Легендарниот моден креатор Пјер Карден почина во 98 година од животот во болница во близина на Париз, соопшти неговото семејство.
Карден е роден во 1922 година во Италија, од каде емигрира во Франција. Во пеесетите години ја основа својата модна куќа, а наредните децении ја градеше својата бизнис империја.
Пјер Карден пред една годиниа изјави дека се чувствува млад, но сепак, тој беше најстариот моден креатор во светот.
Причините за неговата смрт не се соопштени.