Тага во семејството на хрватскиот пејач Здравко Шкендер по ненадејната смрт на неговиот 39 годишен син Томислав. Шкендер веста ја сподели на Фејсбук.
– Со длабока болка ги известуваме сите роднини, пријатели и познаници дека нашиот драг татко, син и брат господин Томислав Шкендер почина во петокот 17 јануари 2020 година во 39 година од животот- објави Здравко на својот Фејсбук профил.
Инаку, Здравко Шкендер, во1980 години имаше сообраќајна несреќа по која остана во инвалидска количка. Тој последните 4 години се повлече од музичката сцена.
Синот Томислав и ќерката Кристина, пејачот ги доби во бракот со сопругата Ангелка.