Американскиот бизнисмен Хари Мортон почина на 39-годишна возраст. Тој беше сопственик на познатиот ресторански ланец “Пинк Тако“, и стана познат по тоа што наводно беше во врска со американската актерка и пејачка Линдзи Лохан. Мортон е пронајден во семејниот дом од неговиот брат, а причината за смртта не е позната, се чека на обдукцијата за детали. Таткото на Хари, Питер Мортон е милијардер и е сопственик на “Хард Рок кафе“. Меѓу другото, во 2008 година, тој купи ноќен клуб претходно сопственост на актерот Џони Деп.
– Тажни сме за смртта на Хари. Тој беше визионер и претприемач пред своето време. Нашите мисли се со неговото семејство – се збогуваат неговите вработени во неговиот ресторански ланец.
Најдобар пријател. Најдобар живот – напиша Линдзи Лохан на заедничката слика.
После Линдзи, Мортон тој беше поврзуван за врски со актерката Деми Мур, пејачката Бритни Спирс и манекенката Парис Хилтон.
Инаку, Мортон го започна бизнисот во 1999 година, а јавноста се заинтересира за него во 2006 година, кога започна да излегува актерката Линдзи Лохан. Никогаш не ја потврдија нивната врска, но сепак, Линдзи се збогува на својот профил на Инстаграм.