Синоќа во 21 часот почина родилката, која пред десетина дена се фрли од први спрат од скопската Клиника за Гинекологија, неофицијално дознава Скопје Инфо. Таа со тешки повреди беше хоспитализирана на КАРИЛ, каде повеќе од една недела се бореа за нејзиниот живот.
Триесет и деветгодишната родилка после падот имаше тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата.
Триесет и деветгодишната родилка била донесена на ГАК во 36-та недела од бременоста. Била однесена во породилна сала и за 14 минути била породена со царски рез. Бебето е во добра состојба. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.