Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски почина денеска ненадејно во Скопје. Режисерот потпиша бројни театарски претстави како „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“. Беше познат по неговите обиди да ги преиспитува границите на театарот како медиум.
Славенски беше вработен како професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година.