Пратеничката од првиот парламентарен состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова, почина денеска на 80 години. Димитрова, која дипломираше на Факултетот за музика во Љубљаана, а потоа магистрираше на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва, по прогласувањето на независноста на државата се вклучи во политиката. Таа беше основач на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Последната деценија таа беше голем критичар на политиките на Никола Груевски и идеолошкото скршнување на партијата.
Ратка Димитрова е мајка на досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров и сопруга на ексминистерот за култура и професор Димитар Димитров, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за образование и за култура, а потоа и амбасадор во Москва.