Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги – „Шпага“, почина на 52 годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му беше констатиран карцином на белите дробови.
Пошироката македонска јавност го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“. Драги – Шпага беше победникот во првата сезона на ова реално шоу, акако награда тогаш доби автомобил „Шевролет – Матиз“.
Годините подоцна станува лик за кој ќе зборува целата македонска јавност , но и регионот откако во продукција на најпознатиот македонски секс шоп, ќе биде главниот машки „актерски“ лик во филмската порно комедија: „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе биде издаден и на видеокасета односно ДВД формат.
Целата вест прочитајте ја на ВИСТИНА