На 82-годишна возраст синоќа почина Трајан Петровски, поранешен амбасадор на СФРЈ и на Македонија во Египет, Турција, С. Арабија, ОАЕ, Узбекистан, Казахстан, Азербејџан и Киргистан.
Тој беше дипломат од кариера, потписник на повеќе билатерални договори за воспоставување на дипломатски односи на Република Македонија со други држави.
Петровски е автор на многу збирки поезија, романи, а неговите дела се преведени на повеќе од 20 јазици ширум светот.