Познатата новинарка и прва сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ ненадејно почина вечерва на 56-годишна возраст во Белград.
Засега не е позната причината за нејзината ненадејна смрт.
-Вечерва во Белград, ненадејно, на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и моја прва сопруга. За местото и датумот на погребот дополнително ќе ги известиме семејството и пријателите – се огласи Вучиќ на социјалните мрежи.
Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години. Кариерата ја започна во ТВ Студио Б, а во последните години води исклучително популарни емисии на каналите на ТВ Пинк.