Почина поранешната пратеничка Благородна Дулиќ, која беше пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Дулиќ беше пратеник во повеќе мандати во Собранието од 2006 до 2014 година. Дулиќ била и член на Републичкиот судски совет, судија на Врховниот суд на РМ и Стопанскиот суд на РМ.
Опелото ќе се одржи утре, со почеток од 12:30 часот во капелата на гробиштата во општина Бутел.
Родена е на 18.04.1941 година во Кочани.