На Фејсбук профилот на гитаристот на “YU група“ Петар Јелиќ се појави тажна објава во која тој се прости од својот татко Раде кој почина, објави српски Курир.
„Нашиот капитен, Плови и нека те носат добрите ветрови. Ти благодарам за секој допир, сета љубов, секој совет и секој момент. Беше чест да те имам за татко и пријател. Погребот ќе се изврши на 21 февруари, во среда на Земунските гробишта. Погребот започнува во 13:30 часот. Мојот чачос – Радован Јелиќ“, напиша Петар, а многумина во коментарите изразија сочувство.
Радован е брат на Драго и Жика Јелиќ, а во младоста настапувал со нив, за подоцна да избере поинаков животен пат.
Неговиот син Петар ја продолжи семејната традиција со тоа што во 1992 година стана член на “YU група“.