Поранешниот репрезентативец на Македонија и легенда на велешкиот ракомет, Тони Шопов, денеска ја загуби најважната животна битка.
Шопов беше истакнат спортски работник од Велес и некогашен репрезентативец на Македонија кој даде свој придонес во развојот на македонскиот ракомет.
Во последните пет години тој боледуваше од канцер на дебелото црево, но не успеа да се избори во битката со тешката болест.
Легендата на Борец настапуваше за бројни македонски и странски клубови.