Познатиот хрватски глумец Мартин Сагнер почина синоќа на 88-годишна возраст. Јавноста најмногу го памети Сагнер по улогата на Андрија Каталениќ Дудек од култната серија „Грунтовчани“ популарна во поранешна Југославија.
Мартин Сагнер е роден во Новиград Подравски во 1932 година. За време на неговата актерска кариера, тој има остварено десетици улоги во филмови и серии, а исто така го позајмуваше гласот во анимирани филмови.
Интересно е што во почетокот на 1990-тите тој стана и пратеник во хрватскиот Сабор, но одлучил дека тоа не е за него.„ И во Саборот бев Дудек“, рекол подоцна во едно интервју.
Мартин Сагнер починал по кратка и тешка болест.