Хирургот Тодор Ношпал, кој беше познат не само поради своето врвно знаење во ортопедијата, туку беше познат и во јавниот живот, почина денеска на 60 години.
Веста ја објави на својот фејсбук профил Др. Александар Караевски негов пријател.
– Ме научи многу за ортопедијата но и животот… Човек за кого Мy Way од Синатра беше начин на живот… Ти благодарам за се и збогум учителе, збогум пријателе, збогум Тоде. Прим. Др Тодор Ношпал – Вечна ти слава, напиша тој.
Доктор Ношпал беше еден од најстручните кадри на Клиниката за ортопедија во Скопје, каде имаше и раководни функции, но во 2012 година доби отказ бидејќи наводно издавал службени тајни и ја повредил работната дисциплина. Неговата јавна забелешка беше дека тешко болна пациентка не добива ортопедско помагало поради бирократски процедури. Судото подоцна пресуди дека незаконски бил отпуштен од работа.
Потоа работеше во неколку големи приватни клиники во земјава, за во 2020 отвори сопствена приватна пракса.