Почина познатиот режисер Ватрослав Мимица (ФОТО)

by Тони Зографски

Во Загреб, во 97-та година од животот, почина филмскиот режисер Ватрослав Мимица.

Мимица ќе биде запаметен по филмовите: “Бановиќ Страхиња“, “Селска буна“, Прометеј од островот Вишевица“, Понеделник или вторник“…

Ватрослав Мимица е роден 1923 години во Омиш. Студирал на Медицинскиот факултет во Загреб а бил учесник во антифашистичкото движење во Втората светска војна.  Бил директор и основач на “Јадран филм“, а е еден и од оснивачите на загрепската школа на цртаниот филм.

Добитник е на низа меѓународни и домашни признанија за својата работа, меѓу кои и наградата “Владимир Назор“ за животно дело во 1986 година.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com