Бразилската инфлуенсерка Ванеса Манчини почина на 41-годишна возраст од срцев удар во нејзиниот дом, соопшти семејството.
Ванеса, која имаше околу 30.000 следбеници на Инстаграм, редовно документираше моменти од својот живот и патувања.
Родителите ја нашле на подот во бањата.
Брзата помош можела само да констатира смрт.
„Ванеса беше позната по својата позитивност и духовитост“, се вели меѓу другото во изјавата на нејзиното семејство кое побара почит во овие моменти на болка.
Инаку, Ванеса во јули посети кардиолог, а тоа го објави и на социјалните мрежи. Тогаш носеше холтер.