Снимката од бензинската пумпа на автопат, на која се гледа болен човек во комбето на итната помош на кислородна маска, додека медицинската екипа пие кафе и се освежува е всушност последната снимка од пациентот, објави „Слободен печат“.
Тој починал неколку дена по транспортoт. Бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга. Голготата на овој пациент во последните денови од неговиот живот ја потврдува и фактот што семејството со сопствено возило најнапред се обидело да го однесе од Скопје до Струга, ама на излез од градот, во населбата Ѓорче Петров, пациентот им кажува дека не може да продолжи во тоа возило и дека му е лошо.
Вчера министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека ќе го разгледа случајот за кој беше информиран од новинарка.
“Ќе испитаме што било дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса, изјави Меџити откако ја виде снимката.