Тажен ден во Франција, а уште потажен за звездата на ПСЖ, Килиан Мбапе.
Почина осумгодишниот Лукас на кого ѕвездата на ПСЖ му го посвети еден од последните постигнати голови.
На дуелот против Ним, Мбапе испрати порака:
„Не давај се Лукас, со тебе сме“. За жал, на целата француска и светска јавност, но пред се на фудбалерите на ПСЖ, Лукас не ја издржа битката со кобната болест.
„Со огромна тага сакаме да соопштиме дека Лукас им се придружи на ѕвездите: Тешко е да се пронајдат зборови, но неопходно е да се одаде чест на момчето исполнето со љубов, емоции и пред се храброст. Ќе се обидам да те направам горд затоа што пред си мој херој. Заслужи затоа што се бореше со болеста десет месеци, а не се жалеше ниту најмалку. Горд сум што сум твој пријател и верувај ми, ќе бидам засекогаш“ – напиша Мбапе по веста за смртта на малиот Лукас.