Холивудската глумица Клорис Личман која во 1971 освои Оскар за најдобра споредна улога во филмот “Последна кино престава“ почина ноќта кон четвртокот на 94-годишна возраст, пренесуваат агенцијата Reuters и телевизиската мрежа NBC News, повикувајќи се на нејзината менаџерка. Клорис една од ретките којашто беше лаурат на низата престижни признанија како Оскар, Еми, Златен глобус и Бафта.
Според објавата, актерката починала од природна смрт во нејзиниот дом во калифорнискиот град Енсинитас.
Претставниците на филмската академија која ги доделува Оскарите, изразија сочувство по повод смртта на актерката.
„Клорис Личман беше легенда на комедијата (…) таа никогаш не престана да нѐ изненадува, одушевува и восхитува“ се наведува во објавата на американската филмска академија на Twitter.
Личман потекнува од местото Дес Моанес во Ајова, и глумела уште во студентските денови а по учество на изборот на Мис Америка во 1946 година ја презема легендарниот Елиа Казан во неговото актерско студио во Њујорк и веќе по две години дебитира на филмот. Кариерата ја започнува во доцните 1940-те а еден од првите редовни ангажмани ѝ била улогата на мајка во популарната телевизиска серија „Lassie“ од 1950-те години.
Личман глумеше и во своите 90-ти години, па така и во двата филма снимени во 2019 и 2020 година, кои сѐ уште не се прикажани. Во својата 82 година настапи во забавната емисија „Танц со ѕвездите“, по што учествуваше и во реалното шоу „Ја менувам жената“ со славните.
Клорис Личман во текот на својата кариера настапи во повеќе од 50 филмови. За својата работа беше наградена со бројни признанија. Меѓу нив е и за најдобра споредна улога за „Последната кино претстава“ (The Last Picture Show) од 1971 година на култниот Питер Богданович. Таму ја игра ролјата на Рут Попер, емоцинално осакатена сопруга на рагби требнер од мал град која има афера со еден од неговите играчи.
Има вкупно девет награди Еми од вкупно 22 номинации, како и признанијата Златен глобус и она на британската филмска академија BAFTA. Од осумте Еми награди „за ударни термини“ (Primetime Emmy) првите две ги доби во 1974 и 1975 година во категоријата најдобра споредна актерка за улогата во хумористичната серија „Mary Tyler Moore“. Двапати, во 2002 и 2006 година, ја освои истата награда и за улогата на помалку лошата баба Ида во популарната хумористична серија „Малколм во средината“. За оваа награда е номинирана 12 пати, а во 1972 година ја освои и „дневната“ Еми (Daytime Emmy).