Почина овчарот кој беше носен неколку часа од неговото бачило на импровизирана носилка до возилото за итна помош заради непристапниот терен. Веста е потврдена од Штипската болница, за телевизија Телма.
Сточарот преживеа мозочен удар, а за неговиот случај се разбра откако лекарот Павле Зафиров од кратовската Итна помош преку Фејсбук објави како неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.
Откако лекарот ги објави информацијата и фотографиите од спасувањето на Фејсбук, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.