Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров денеска по долго боледување почина во Скопје. На социјалните мрежи со него се збогуваат пријателите и колегите. Беше жива енциклопедија, велат, слава му.
Тодоров студираше политикологија на Универзитетот во Љубљана, а долгогодишната работа како новинар и уредник го донесе и во македоското собрание како советник за односи на повеќе спикери. Беше одличен познавач на внатрешната политика, искрен и ценет критичар и аналитичар.