Почина новинарот Крешник Ајдини. Веста на социјалните мрежи ја сподели активистот и новинар Петрит Сарачини. Вели дека Ајдини остави многу дела зад себе, но прерано заминал.
„Многу тажна и неочекувана вест. Не напушти Крешник Ајдини, новинар, интелектуалец и истакнат активист на граѓанското општество и културната сцена. Имав среќа да ги направам првите чекори во новинарството со негова помош. Во неговото списание Life во 1994 година го напишав моето прво пишување. Подоцна под негово раководство изградивме Life Radio, кое стана движечки мотор на интеркултурализмот и алтернативната Со години работевме заедно и во ЦИВИЛ – Центар за слобода. Остави многу дела зад себе, но не напушти прерано… Почивај во мир, драг Крешник!“, пишува Сарачини.