Во Скопје вчера почина новинарката Параскева Петроска (1962-2020 година). Таа беше долгогодишен активен член на Здружението на новинарите на Македонија и дел од Советот на честа при ЗНМ во периодот од 2011-2016 година.
Преку својата работа таа придонесе за промоција на саморегулацијата на медиумите во нашата земја, а својата професионална кариера ја посвети во Македонската радио телевизија (МРТ).
Параскева Петроска работеше во редакцијата на влашки јазик во МРТ.